НЕМА КОЈ ДА ГИ УРЕДИ РАСПАДНАТИТЕ ПАРТИЗАНСКИ ГРОБИШТА ВО БИТОЛА, А БУГАРИЈА, СРБИЈА, ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА СИ ГИ ОДРЖУВААТ СРЕДЕНИ СВОИТЕ ВОЕНИ ГРОБИШТА ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    НЕМА КОЈ ДА ГИ УРЕДИ РАСПАДНАТИТЕ ПАРТИЗАНСКИ ГРОБИШТА ВО БИТОЛА, А БУГАРИЈА, СРБИЈА, ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА СИ ГИ ОДРЖУВААТ СРЕДЕНИ СВОИТЕ ВОЕНИ ГРОБИШТА ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНАОд Општина Битола и од Сојузот на борците ни рекоа дека за одржувањето на гробиштата е задолжено Јавното претпријатие „Комуналец“, а оттаму велат дека под нивна надлежност е само патеката до гробиштата. (Фото: СДК.МК)

    Патека во распаѓање, со бројни нерамнини и распукан бетон е единствениот приод до Партизанските гробишта во Битола, каде што се наоѓаат стотина гробни места на борци од Народно-ослободителната и антифашистичка борба (НОБ).

    Освен првите шест-седум, другите надгробни плочи во голем дел се потемнети, натписите се избледени, а гробните површини се прекриени со паднати лисја и на места се обраснати со плевел. Потпорниот ѕид е во лоша состојба, а изронети се и дел од скалилата.

    Стефан Бошков, претседател на Сојузот на борците од Битола и внук на народниот херој Стив Наумов, вели дека досега поднеле десетина писмени и усни барања за санација на Партизанските гробишта и пристапната патека, но ништо не е преземено. (Фото: СДК.МК)

    На Партизанските гробишта се наоѓаат спомен-гробовите на народните херои Стив Наумов, Елпида Караманди, Естреја Овадија-Мара, Трифун Пановски, Коле Канински, Таки Даскало, Ѓорги Наумов, Стерјо Ѓоргиев, Тодор Ангелевски, Јонче Мурџевски и на многу други борци. Некои од нив се симболични, бидејќи посмртните останки никогаш не биле пронајдени по нивната смрт во борбите против фашистичките сили, додека другите се вистински гробови.

    Секој 4 Ноември, на Денот на ослободувањето на Битола, при средбите со локалните власти го бараме истото. Плочите се потемнети, некои се искривени, а на други има погрешни податоци. Кај Ѓорги Наумов е згрешен датумот на раѓање. Има грешки што треба да се исправат. Гробиштата треба повеќе да се одржуваат, освен што се прска со средство за уништување на тревата. Во некои од гробовите растат багреми, кои често самиот ги корнам, вели Бошков. (Фото: СДК.МК)

    Партизанските гробишта се во состав на Буковските градски гробишта, но се наоѓаат на посебна парцела. Од Општина Битола и од Сојузот на борците ни рекоа дека за одржувањето на гробиштата е задолжено Јавното претпријатие „Комуналец“. Оттаму, пак, велат дека под нивна надлежност е само патеката до гробиштата.

    Бугарските воени гробишта на војниците загинати во Првата светска војна. (Фото: СДК.МК)

    Стефан Бошков, претседател на Сојузот на борците од Битола и внук на народниот херој Стив Наумов, вели дека досега поднеле десетина писмени и усни барања за санација на Партизанските гробишта и пристапната патека, но ништо не е преземено.

    „Секоја година поднесуваме барање за нивна санација. Секој 4 Ноември, на Денот на ослободувањето на Битола, при средбите со локалните власти го бараме истото. Плочите се потемнети, некои се искривени, а на други има погрешни податоци. Кај Ѓорги Наумов е згрешен датумот на раѓање. Има грешки што треба да се исправат. Гробиштата треба повеќе да се одржуваат, освен што се прска со средство за уништување на тревата. Во некои од гробовите растат багреми, кои често самиот ги корнам“, вели Бошков.

    Француските воени гробишта на војниците загинати во Првата светска војна. (Фото: СДК.МК)

    Во минатото, гробиштата биле под надлежност на Сојузот на борците, но оттаму велат дека пред околу 30 години, кога биле сведени на ниво на здружение на граѓани, надлежноста им била одземена.

    „Изработен е и проект од Заводот и музеј-Битола за санација, обновување и уредување на гробиштата на илинденците и партизаните од Битола, уште во 2005 година. Од Заводот исчистија и неколку гробови, бидејќи се задолжени за конзервација и покажаа како тоа треба да изгледа. Но, остануваат другите. Беше формирана и општинска комисија за уредување на гробиштата. Ме повикаа и ги изнесов нашите барања. Според груба проценка, целиот зафат би чинел три милиони денари (околу 50.000 евра – н.з.). Ние како Сојуз немаме средства, а во минатото имаше и директори на јавни претпријатија кои не спречуваа да интервенираме“, вели Бошков.

    Пред две години, Заводот и музеј изврши чистење и конзервација на централното спомен-обележје на гробиштата, каде што се впишани имињата на десетици партизани, а кое ја носи моќната порака „Со хероизам ја победија смртта“.

    Германските воени гробишта на војниците загинати во Првата светска војна. (Фото: СДК.МК)

    Од Општина Битола, на прашањето што преземаат за обновување и уредување на Партизанските гробишта, ни одговорија дека тие се под надлежност на „Комуналец“. Директорот на претпријатието, Горан Степановски, во телефонски разговор ни рече дека Сојузот на борците сам ги одржува Партизанските гробишта, додека нивна надлежност е само пристапната патека.

    „Делот од патеката што е во наша надлежност, односно во состав на Буковските гробишта, планираме да го реконструираме. Ако нè послужат временските услови, сигурно ќе го обновиме приодот до Нова година“, рече Степановски.

    За разлика од Партизанските гробишта, сосема поинаква слика затекнавме на другите воени гробишта во Битола – француските, германските, српските и бугарските, останати од Првата светска војна. Кај сите има уредени пристапи и одржувани површини, иако на многу од нив, наместо надгробни плочи, се поставени крстови.

    До бугарските гробишта води патека поплочена со бекатон-плочи и скалила.

    Француските имаат патека послана со чакал и редовно искосен тревник.

    Слично е и на српските гробишта, додека на германските има монументална спомен-костурница со посмртни останки и уредена тревна површина.

    За одржувањето на овие воени гробишта се грижат странски држави, а средствата најчесто се обезбедуваат преку нивните министерства за одбрана.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира