СО ДОЛГ ОД ВКУПНО 32,5 МИЛИОНИ ЕВРА, ОПШТИНИТЕ ГОСТИВАР, ТЕТОВО И САРАЈ СЕ НАЈГОЛЕМИ ДОЛЖНИЦИ, ЖЕЛИНО Е НА ПЕТТО МЕСТО И ДОЛЖИ МИЛИОН ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД ГРАД СКОПЈЕ

СО ДОЛГ ОД ВКУПНО 32,5 МИЛИОНИ ЕВРА, ОПШТИНИТЕ ГОСТИВАР, ТЕТОВО И САРАЈ СЕ НАЈГОЛЕМИ ДОЛЖНИЦИ, ЖЕЛИНО Е НА ПЕТТО МЕСТО И ДОЛЖИ МИЛИОН ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД ГРАД СКОПЈЕГрад Скопје должи 2,8 милиони евра, а петте јавни претпријатија вкупно 30.6 милиони евра. (Фото: СДК.МК)

Гостивар, Тетово и Сарај се Општини со најголеми долгови, покажуваат податоците на Министерството за финансии за пријавените обврски за третиот квартал од 2026 година. Општина Гостивар по однос на доспеани, а неплатени обврски има долг од 994.723.778 денари или 16,2 милиони евра. Општина Тетово должи 743.008.295 милиони денари или 12,1 милион евра, а Општина Сарај 260.214.229 денари или 4,2 милиони евра.

Скопската Општина Карпош е на четвртто место со долг од 241.024.455 денари (3,9 милион евра), а на петтото место од Општина Желино со долг од  223.503.187 денари (3,6 милиони евра). Долгот на Општина Желино, која според пописот во 2021 година има 18.998 жители, е поголем од долгот на Град Скопје. Пред Град Скопје според долгот се и Општина Кисела Вода со 214.726.723 денари (3,5 милиони евра), Општина Струга со 198.761.475 денари (3,2 милиони евра) и Општина Чаир со 177.940.852 денари (2,9 милиони евра).

Град Скопје, како најголема единица на локалната самоуправа, има доспеани обврски од 171.434.629 денари (2,8 милиони евра). Но, јавните претпријатија на Град Скопје имаат многу имаат многу поголем долг и вкупно должат 30,6 милиони евра. Така ЈП „Водовод и канализација“ должи 778.818.211 денари или 12,7 милиони евра, ЈП „Комунална хигиена“ 405.400.188 денари (6,6 милиони евра), ЈП „Улици и патишта“ 285.543.012 денари (4,6 милиони евра), ЈП „Паркови и зеленило“ 277.027.968 денари (4,5 милиони евра), а депонија „Дрисла’ има доспеани побарувања од 126.282.216 денари или 2 милиони евра.

Во десетте најголеми должници меѓу единиците на локалната самоуправа влегува и Општина Делчево со доспеани побарувања од 163.708.619 денари (2,6 милиони евра)

Потоа следуваат Општина Василево 151.263.486 денари, Општина Кавадарци 132.430.722 денари, Општина Охрид 102.598.292 денари, Општина Врапчиште 111.702.296 денари, Општина Битола 96.926.010 денари, Општина Прилеп 89.478.631 денари, Општина Аеродром 80.812.070 денари, Општина Арачиново 80.472.087 денари, Општина Куманово 78.592.154 денари, Општина Шуто Оризари  77.796.072 денари, Општина Струмица 75.015.797 денари, Општина Велес 74.274.542 денари, Општина Дебар 69.746.216 денари, Општина Виница 66.077.445 денари.

Под еден милион евра долг имаат Општина Неготино  60.156.125 денари или 982.000 евра, Општина Ѓорче Петров 55.617.425 денари, Општина Липково 51.520.361 денар, Општина Новаци 51.000.473 денари, Општина Кичево 49.733.678 денари, Општина Петровец 48.981.794 денари, Општина Бутел 47.337.696 денари итн.

А. АНТЕВСКА

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира