ЕКСЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ШВРГОВСКИ ЌЕ ГО БРАНИ ТРЕЗОРИСТОТ КОЈ УКРАДЕ 3 МИЛИОНИ ЕВРА ОД НЛБ

    ЕКСЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ШВРГОВСКИ ЌЕ ГО БРАНИ ТРЕЗОРИСТОТ КОЈ УКРАДЕ 3 МИЛИОНИ ЕВРА ОД НЛБЉупчо Шврговски државен јавен обвинител беше од 2007 до 2013, кога на негово место беше именуван актуелниот јавен обвинител Марко Зврлевски

    Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Шврговски му е адвокат на 40-годишниот Бобан С., осомничен за кражбата на 3 милиони евра од трезорот на НЛБ во Скопје, потврди тој за Мета.

    „Да, јас сум му адвокат“, рече Шврговски, но одби да коментира за случајот. Шврговски за државен јавен обвинител беше избран во 2007 година и оваа функција ја извршуваше до 2013 година, кога на негово место беше именуван актуелниот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

    Бобан С., осомничениот за најголемата кражба во историјата на независна Македонија, трезорот на банката го испразнил од 6 до 10 април, соопшти МВР. Против него е поднесена кривична пријава за затајување и во моментов е на издржување на 30-те дена притвор што му ги одреди судот.

    Овој случај од почетокот го следат низа контроверзии, а најголема мистерија е што се случило со украдените пари, кои и по речиси 10 дена сè уште не се пронајдени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира