И последните пратеници пред малку беа извлечени од Собранието со оклопни транспортери на полицијата, јавија репортерите на САКАМДАКАЖАМ.МК.
Неколкумина од пратениците на мнозинството беа повредени вечерва, откако демонстранти влегоа во зградата на парламентот по изборот на Талат Џафери од ДУИ за нов собраниски спикер.
Полицијата, која првично беше во многу мал број, им дозволи на демонстрантите да влезат во Собранието и физички да нападнат пратеници на СДСМ, ДУИ и АА, и притоа неколкумина со црни маски зборувале со полицајците додека останатите демонстранти влегувале насилно во Собранието.