„ОРГАНИЗИРАН НАПАД НА СОБРАНИЕТО“ Е ДЕФИНИЦИЈАТА НА САД, ЕУ, НАТО И ОБСЕ

    „ОРГАНИЗИРАН НАПАД НА СОБРАНИЕТО“ Е ДЕФИНИЦИЈАТА НА САД, ЕУ, НАТО И ОБСЕ„Изразуваме сериозна загриженост дека властите не успеаја да го спречат нападот и дека не ја обезбедија неопходната заштита за членовите на Собранието и за присутните новинари“ - од нападот на Собранието на 27 април

    Делегацијата на ЕУ во Скопје, американската амбасада, мисијата на ОБСЕ и канцеларијата на НАТО во заедничка изјава најостро го осудија, како што наведуваат, „организираниот напад во Собранието“.

    „На најсилен можен начин го осудуваме организираниот напад врз Собранието. Изразуваме сериозна загриженост дека властите не успеаја да го спречат нападот и дека не ја обезбедија неопходната заштита за членовите на Собранието и за присутните новинари. Нападот врз државна институција која е срцето на демократијата е напад врз самата демократија“, се наведува во заедничката изјава.

    Во соопштението тие велат дека очекуваат кривичните дела да бидат бргу истражени, дека организаторите и извршителите на нападот ќе бидат изведени пред лицето на правдата, а судовите дека ќе дејствуваат самостојно.

    „Очекуваме државните институции бргу да преземат соодветни мерки. Ги повикуваме сите актери да се однесуваат одговорно и да придонесат за мирен демократски процес на кој мора да му се дозволи да се одвива по својот тек. Воедно ги повикуваме граѓаните да бидат воздржани, да избегнуваат провокации и да останат смирени. Насилството не е начин за остварување напредок на земјата и на општеството“, стои во заедничката изјава на САД, ЕУ, ОБСЕ и НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира