ЗНАЕВМЕ ДЕКА СЕ СПРЕМА СЦЕНАРИО, ЗАТОА НЕ ДОЈДЕ АХМЕТИ, КАЖА ГРУБИ ПО ИСКАЗОТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

    ЗНАЕВМЕ ДЕКА СЕ СПРЕМА СЦЕНАРИО, ЗАТОА НЕ ДОЈДЕ АХМЕТИ, КАЖА ГРУБИ ПО ИСКАЗОТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТОЗамислете сценарио Али Ахмети да беше таму или да беше нападнат на тој начин, праша Груби. (архивска фотографија)

    Пратеникот на ДУИ Артан Груби кажа дека имале информации дека се подготвува сценарио за меѓуетнички конфликт по изборот на Талат Џафери за спикер и затоа лидерот на ДУИ Али Ахмети не бил присутен во Собранието кога се случи нападот. Груби денеска беше Основното јавно обвинителство да даде исказ како оштетена страна за нападот во Собранието на 27 април.

    По излегувањето од ОЈО, на новинарско прашање зошто лидерот на ДУИ Али Ахмети не беше присутен во Собранието за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на 27 април, Груби одговори: „Веќе објаснивме дека заедничка проценка на Али Ахмети и Зоран Заев, како и на безбедносните служби, беше Ахмети да не биде во Собранието кога ќе се избере новиот претседател Талат Џафери, бидејќи имавме информации дека се подготвува сценарио кое би имало за цел да ѝ наштети на меѓуетничката кохезија во земјата и да предизвика конфликт меѓу Македонците и Албанците. Не дозволивме такво сценарио да се реализира“.
    Тој дообјасни дека информациите ги добиле од луѓе во безбедносните служби на кои им веруваат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира