ЗА ТИНЕЈЏЕРКИТЕ ШАМАРОТ НЕ Е НАСИЛСТВО, А КОНТРОЛАТА ОД ДЕЧКОТО Е НОРМАЛНА РАБОТА, ПОКАЖА ИСТРАЖУВАЊЕ ВО БИТОЛА, ОХРИД И РЕСЕН

    ЗА ТИНЕЈЏЕРКИТЕ ШАМАРОТ НЕ Е НАСИЛСТВО, А КОНТРОЛАТА ОД ДЕЧКОТО Е НОРМАЛНА РАБОТА, ПОКАЖА ИСТРАЖУВАЊЕ ВО БИТОЛА, ОХРИД И РЕСЕНУчесниците во проектот „Љубовни рецепти“ денес на Широк Сокак во Битола маршираа против насилството врз девојките (Фото: СДК.МК)

    За младите девојки на адолесцентна возраст шамарот од дечкото не преставува насилство, а контролата што врз некои од нив ја вршат повозрасни партнери е нормална работа. Ова се дел од резултатите на истражувањето што го спроведоа Младинскиот совет Охрид, АМОС од Битола и Фокус од Ресен во рамките на проектот „Љубовни рецепти“. Со истражувањето беа опфатени 1.200 млади лица од Битола, Охрид и Ресен, од кои повеќето, за жал, не ги препознавале знаците на насилство во врската, а ги толкувале како љубов.

    „Младите знаат за поимот насилство, го идентификуваат, но она што се знаци на насилство во адолесцентна врска не ги препознаваат. За нив еден обичен шамар не е насилство, за нив контролирањето на мобилниот телефон и фејсбук профилот од партнерот не е насилство, туку е нормална работа. За нив е нормално доколку во кафуле дечкото порачува пијалок и јадење што тој сака, а тие немаат право на избор. Сето тоа го правдаат со некаква љубов. Тоа се млади кои сакаат во јавноста да покажат дека се во слободна врска, а за жал се полни со предрасуди и стереоптипи“, рече Димче Каневче, раководител на проектот.

    Во истражувањето се покажало дека има девојки кои првите сексуални контакти ги имале на 12 години. Други пак, имаат повозрасни партнери кои ги контролираат. Понатаму, содржините кои се бараат на Интернет често пати не се едукативни, туку неретко станува збор за порнографски страници и слично.

    Учесниците во проектот денес одржаа и марш на Широк Сокак во Битола против насилството врз девојките.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира