МУКОВСКИ И ТАРЧУЛОВСКИ САМИ ЌЕ СИ ОДЛУЧУВААТ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА НИВНИОТ ПРАТЕНИЧКИ ИМУНИТЕТ

    МУКОВСКИ И ТАРЧУЛОВСКИ САМИ ЌЕ СИ ОДЛУЧУВААТ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА НИВНИОТ ПРАТЕНИЧКИ ИМУНИТЕТНа снимките од собраниските безбедносни камери што на 22 мај ги објавија телевизиите „Телма“ и „АлсатМ“ се гледа дека Крсто Мукоски ја отвара вратата, а шестмина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Јохан Тарчуловски ја координирале акцијата за нападот на пратениците од мнозинството.

    Крсто Муковски и неговиот колега пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски, коишто МВР, по наредба на Скопското обвинителство на 25 мај ги идентификуваше заедно со уште четворица пратеници сопартијци дека се лицата од снимките на безбедносните камери кои ги отворија вратите за да влезат насилниците во Собранието на 27 април, ќе одлучуваат за одземање на својот пратенички имунитет.

    Ако има предлог од обвинител за одредување мерка притвор за пратеник, тогаш за тој предлог одлучува најпрвин Комисијата за мандатно – имунитетни прашања. Ако се изгласа таму предлогот, тогаш тој оди на гласање пред Собранието.

    Собраниската Комисија за избори и именувања даде зелено светло Муковски и Тарчуловски да бидат членови на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. И двајцата се под истрага на Јавното обвинителство за организиран криминал осомничени дека биле дел од организиран напад на Собранието,

    За претседател на Комисијата е предложен Павле Богоевски, еден од најтепаните пратеници од коалицијата предводена од СДСМ за време на нападот на Собранието.

    На предлог на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, во  комисијата што ќе одлучува за одземање на имунитет на некои од пратениците за кои се води или во иднина ќе се поведе кривична постапка, членуваат и Трајко Вељаноски и Борис Змејковски од ВМРО-ДПМНЕ.

    На снимките од собраниските безбедносни камери што на 22 мај ги објавија телевизиите „Телма“ и „АлсатМ“ се гледа дека седуммина пратеници ја координирале акцијата за отворање на вратите од Собранието и пуштање на толпата внатре за да ги нападне пратениците од мнозинството. Седумтемина пратеници кои се гледаат на снимките се Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ и Љупчо Димовски од Социјалистичка партија на Македонија.

    На снимките се гледа како дел од пратениците ги насочуваат демонстрантите во различни насоки во Парламентот, откако пратениците Василевски и Мукоски ја отвораат вратата.

    Во собранискиот Деловник пишува дека барањето за одобрување на притвор на пратеник, како и известувањето дека пратеникот е притворен, надлежниот орган го поднесува до претседателот на Собранието. Надлежниот орган го известува претседателот на Собранието за притворот на пратеникот и кога тој не се повикал на имунитетот.

    Претседателот на Собранието, барањето за одобрување на притвор, односно известувањето дека пратеникот е притворен веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Комисијата е должна да го разгледа барањето, односно известувањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието.

    Според Уставот, пратеникот ужива имунитет и не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е предвидена казна затвор во траење на најмалку пет години.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира