ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ГО БЛОКИРАА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ЗВРЛЕВСКИ

    ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ГО БЛОКИРАА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ЗВРЛЕВСКИВМРО-ДПМНЕ се уште нема формирано пратеничка група и затоа има право секој од пријавените за збор покрај дискусија, да бара и процедурални забелешки и реплики, што во пратеничките групи како право го имаат само координаторите. (Фото: СДК.МК)

    Непосредно пред точката за разрешување на обвинителот Марко Зврлевски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ масовно се пријавија за збор на денешната седница, за точката на која што треба да се дискутира за давање зелено светло на Народниот правобранител Иџет Мемети за можноста сам да вработува, неврзан со законите за јавна и државна администрација.

    За збор се пријавија 35 пратеници од оваа партија, која што уште нема пратеничка група и затоа има право секој од пријавените покрај дискусија, да бара и процедурални забелешки и реплики, што во пратеничките групи како право го имаат само координаторите.

    Со тоа, разрешувањето на Зврлевски може да се одолговлечи со денови, ако некој од пријавените не се откажа од правото да дискутира и реплицира.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира