БИТОЛА МУ ПЕЕ НА ТАЛЕВСКИ „ПОМОГНЕТЕ ДОБАР СУДИЈА“

    БИТОЛА МУ ПЕЕ НА ТАЛЕВСКИ „ПОМОГНЕТЕ ДОБАР СУДИЈА“

    Детската песна  „Судски процес“ од популарната серија „Здраво Генијалци“ во која ликот на Двојче го играше актуелниот градоначалник Владимир Талевски кого претседателот Иванов го помилува , по  дваесетина години откако беше испеана, повторно стана хит во Битола.

    талевски

    И градоначалникот Талевски испратил писмо до Иванов во кое бара да ја повлече аболицијата за него

    Детската песна  „Судски процес“ од популарната серија „Здраво Генијалци“ во која ликот на Двојче го играше актуелниот градоначалник Владимир Талевски , по  дваесетина години откако беше испеана, повторно стана хит во Битола.  Градоначалникот Владимир Талевски СЈО го сомничи за финансиски малверзации со превозот на учениците, а претседателот Ѓорге Иванов го помилува.  И тој испратил писмо до Иванов во кое бара да ја повлече аболицијата за него.

    Покрај неколкуте илјади прегледи на Интеренет каналот Јутјуб, битолчани деновиве си ја препраќаат на мобилни телефони и по социјалните мрежи. Ваквиот римејк се должи на тематиката на песната, во која на судски процес  обвинетиот моли „помогнете добар судија, па не сум крадец и не сум криминалец“, а делови од песната пее и Двојче.  „Здраво генијалци“ се емитуваше во средината на 1990-ите години на МТВ.

    на битолскиот градоначалник до денес му остана прекарот Двојче, по култната улога. Под тој прекар на транспарентите го имаа напишано и демонстрантите кои изминативе 4 дена протестираа пред општинската зграда.

    Транспаренти со прекарот Двојче, носат демонстрантите во Битола. Тој прекар на градоначалникот му остана до денес. (аматерска фотографија)

    Песната ја пее Томче Томски, тогаш дете,  а Двојче е судија, но пее делови од песната заедно со пејачот. Во песната се вели „Обвинетиот да стане/ казна му се печи. Сите сирени ко да се приклучија/ кога вака рече господинот судија. Во сите бои луѓето ги гледам/ се срамам и си велам/ леле кај да бегам.“

    Продолжува рефренот „помогнете добар судија/ па не сум крадец и не сум криминалец/ Silence please/ се вцрви тој во чело/ пет години затвор за твоето дело.

    На крајот на песната, зашто детето не украло банка туку само еден поглед , судијата го ослободува. „Чеканчето од маса удира три пати/ судијата се смири конечно ме сфати/ Silence please/ на странски ко да рече/ обвинетиот е слободен/ете така рече.“

    „Здраво генијалци“ престана да се снима пред  скоро две децнии, но на битолскиот градоначалник  до денес му остана прекарот Двојче, по култната улога. Под тој прекар на транспарентите го имаа напишано и демонстрантите кои изминативе 4 дена протестираа пред општинската зграда.

    Ликот на Двојче се роди во 1994 година во рамки на новогодишната претстава „Волшебен велосипед“, која беше изведена во дискотеката „Свинг Ла Синема„ во Битола. Тогаш Талески го играше Двојче, односно ученик кој не сака многу да учи, реди двојки, но надвор од школо е прав ас, а ликот на Туфи го глумеше битолската актерка Соња Михајлова.

    Претставата беше основа за потоа да се сними популарната серија „Здраво Генијалци“, во која на музичка сцена се сретнаа тогашните актери, а денес градоначалници од  ВМРО-ДПМНЕ на Битола и на Кисела Вода, Владимир Талески како Двојче и Билјана Беличанец  како Туфи. Во главната песна од серијалот  двајцата пејат „Има многу генијалци, главни фори, шампиони, ама како мене нема , Двојче ти си главна шема“.

    Песната „Судски процес“ ја има на Јутјуб: https://www.youtube.com/watch?v=JpkAwgaazHU

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира