СИТЕ ДОКАЗИ ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ МВР ГИ ПРЕДАДЕ ВО ОБВИНИТЕЛСТВО

    СИТЕ ДОКАЗИ ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ МВР ГИ ПРЕДАДЕ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОДиректорот на јавна безбедност Лазе Велковски на денешната прес конференција во МВР (Фото:СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи (МВР) сè што има собрано како докази во истрагата за организираниот напад на Собранието на 27 април ги предаде до Јавното обвинителство за организирани криминал, рече денеска директорот за јавна безбедност Лазе Велковски.

    „Сè е дадено во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. МВР е на располагање во секое време на обвинителството. Се надеваме дека во скоро време ќе има разрешница на целиот случај“, рече Велковски на денешната прес конференција.

    На прашањето дали неговиот предходник Митко Чавков уште  оди на работа, Велковски рече дека тој сега е во пензија.

    Чавков, ексдиректорот на Јавна безбедност, во извештајот на Работната група во МВР за расветлување на одговорноста за крвавите настани во Собранието на 27 април е посочен како најодговорен за недавањето наредби на полицијата да постапи и да ги спаси животите на пратениците од СДСМ и од парламентарното мнозинство, во нападот на насилниците кои упаднаа таа вечер во Парламентот. Чавков во извештајот е посочен дека не реагирал и оставил да тече крвавиот напад, во кој имаше обид за убиство на лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, а повреди и рани во главата од удари со мебел и други тешки предмети добија сегашните премиерот Зоран Заев, вицепремиерката Радмила Шеќеринска, министерот за земјоделие Љупчо Николовски и други стотина пратеници од мнозинството, како и полицајци, припадници на собраниското обезбедување, новинари и граѓани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира