ФРАНЦИЈА ЌЕ МУ ПОМАГА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПАТОТ ЗА ЕУ, НЕФОРМАЛНА СРЕДБА НА МАКРОН И ЗАЕВ

    ФРАНЦИЈА ЌЕ МУ ПОМАГА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПАТОТ ЗА ЕУ, НЕФОРМАЛНА СРЕДБА НА МАКРОН И ЗАЕВФранцуската амбасада во Македонија на својата фејсбук страна ја објави фотографијата од неформалната средба меѓу претседателот Емануел Макрон и премиерот Зоран Заев на Самитот во Трст

     

    Претседателот на Франција Емануел Макрон вчера се сретна со македонскиот премиер Зоран Заев на маргините на Самитот во Трст, Италија меѓу седум земји членки на Европската унија и шест земји од Западен Балкан, за унапредување на односите со ЕУ и регионалната соработка.

    Како што соопшти Француската амбасада во Македонија, која на својата фејсбук страна ја објави и фотографијата од средбата меѓу Макрон и Заев, „Франција сака лидерите на земјите од Балканот да имаат поддршка и да бидат придружувани во нивната европска перспектива“.

    На Самитот во Трст, Заев кажа дека е донесена одлуката да се изгради железничката пруга кон Бугарија, како дел од Коридорот 8, инвестиција проценета на 152,3 милиони евра, а Европската унија ќе учествува во изградбата со грант од 70 милиони евра.

    На Самитот Заев имаше и билатерална средба со германската канцеларката Ангела Меркел и британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира