ПАДНАА ПРВИТЕ ПРИТВОРИ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО ЗА ЛУЃЕТО ОКОЛУ САШО МИЈАЛКОВ

    ПАДНАА ПРВИТЕ ПРИТВОРИ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО ЗА ЛУЃЕТО ОКОЛУ САШО МИЈАЛКОВТони Јакимовски беше шеф на Кабинет на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд Скопје им одреди притвор на обвинетите Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски откако ги прифати жалбите на Специјалното обвинителство против претходната одлука на Основниот суд да им бидат одземени само пасошите.

    Грујовски е поранешен началник на Петтата управа на МВР каде биле прислушувани илјадници граѓани без судска наредба.

    Никола Бошковски е вработен во Петтатат управа и според обвинението на СЈО тој е извршител на наредбите од неговиот шеф Грујовски за прислушувањето и за уништувањето на опремата.

    Тони Јакимовски беше шеф на Кабинетот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Тој е обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“ за истите дела поврзани со нелегалното прислушување и уништувањето на опрема.

    За Сашо Мијалков останува мерката одземање на патна исправа и јавување во судот секој четврток. За него нема притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира