АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ И КРИВИЧНИОТ СУД ИМ ДАВААТ ШАНСА НА СОРАБОТНИЦИТЕ НА МИЈАЛКОВ ДА ИЗБЕГААТ, ДОЦНАТ РЕШЕНИЈАТА ЗА ПРИТВОР

    АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ И КРИВИЧНИОТ СУД ИМ ДАВААТ ШАНСА НА СОРАБОТНИЦИТЕ НА МИЈАЛКОВ ДА ИЗБЕГААТ, ДОЦНАТ РЕШЕНИЈАТА ЗА ПРИТВОРОд приведувањето на Горан Грујовски за случајот „Тврдина“ пролетта 2016 во истражна постапка (Фото: СДК.МК)

    До завршување на работното време денес во Врховниот суд не е пристигната ниту една жалба против мерките притвор што ги одреди вчера Апелациониот суд, против ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски, Тони Јакимовски, шефот на кабинетот на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, и против Никола Бошковски, вработен во УБК. Тројцата се обвинети во „Таргет“ и „Тврдина“, кои се случаи на Специјалното обвинителство за нелегалното масовно прислушување и за незаконско ништење на системите за прислушување во МВР.

    Овие обвинети со мерка притвор имаат рок од 24 часа за поднесување на жалба и тој рок веќе истече. Не се познати причините зошто во законскиот рок тие не поднеле жалби.

    Ни Грујовски, ни Јакимовски ни Бошковски не е ни во Шутка, иако одлуката за притвор во оваа фаза, донесена од второстепен суд, не го одлага правото за поднесување жалба. Неофицијално, жалбите доцнат, оти никој од тројцата не ги добил вчерашните решенија за притвор.

    Основниот суд Скопје 1 тврди дека од Апелациониот суд Скопје немаат добиено ниту едно од решенијата за притвор кои вчера ги објави, и дека не е судот Скопје 1 кој ја кочи доставата на тие решенија до обвинетите.

    Апелациониот и Основниот суд Скопје 1 се оддалечеи на 15 метри.

    Решенијата ги нема добиено ни Специјалното обвинителство, кое што е исто така странка во постапката.

    Одбројувањето на рокот за поднесување на жалба по притвор до Врховниот суд тече од моментот кога обвинетите кои ја добиле мерката, ќе ги примат решенијата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира