ВАТИКАН ГИ ИСКЛУЧИ БАРОКНИТЕ ФОНТАНИ ПОРАДИ СУШАТА ВО РИМ

    ВАТИКАН ГИ ИСКЛУЧИ БАРОКНИТЕ ФОНТАНИ ПОРАДИ СУШАТА ВО РИМПовеќе од милион жители на Рим се соочуваат со рестрикции на вода до осум часа дневно. - Мерката за штедење на Ватикан почна да се спроведува од понеделникот (Фото: АП)

    Властите во Ватикан исклучија 100 фонтани, вклучувајќи ги и двете барокни ремек дела на плоштадот „Св. Петар“, поради долготрајната суша во малиот град-држава и во Рим, кој што го обиколува.
    Задушувачките летни горештини кои што следат по веќе две години потпросечни врнежи на дожд во Рим, го принудија го главниот град на Италија да ги исклучи фонтаните за пиење и да размислува за можноста за рестрикции на водата.

    Повеќе од милион жители на Рим се соочуваат со рестрикции на вода до осум часа дневно, додека жестокиот топлотен бран кој што ја преплави јужна Европа продолжува да влијае.
    Портпаролот на Ватикан Грег Бурк изјави дека ова е прв пат властите на духовниот дом на околу 1.2 милијарди католици низ светот, да бидат принудени да ги исклучат фонтаните.

    „Ова е начинот на кој што Ватикан ја искажува солидарноста кон Рим, обидувајќи се да му помогне да ја надмине кризата“, рече тој за Ројтерс.
    Мерката започна во понеделникот, и 100 фонтани на Ватикан ќе бидат исклучени постепено преку следните денови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира