Група антимилитаристи предизвикаа мал инцидент на Плоштадот Македонија во Скопје, каде што денеска беше презентирана воената опрема на Американската армија, која што е во Македонија за заедничката воена вежба со АРМ „Драгун Гардијан 17“ во Криволак. Четворица од антимилитаристите кои вечерва протестирале во близина на американските војници биле легитимирани од полицијата и веднаш пуштени, потврдија од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Левица сака да се врати Југославија? pic.twitter.com/KWjbiN2Sd3
— В!Дана (@VidanaDeSign) July 29, 2017
Шест конвои по 20 возила на Армијата на САД вчера влегоа во Македонија преку граничниот премин „Деве Баир” и потоа имаа презентација на воената опрема и дружење со граѓаните во Куманово. Денеска беа во Скопје, а ќе одат и во Штип, Велес, Струга и во Струмица. Опремата што се презентира е дел од опремата на инженерскиот сквадрон на копнените сили на Армијата на САД за Европа и на инженерскиот баталјон од Првата механизирана пешадиска бригада на АРМ како и на четата на АБХО која се користи на заедничката вежба помеѓу двете Армии „Драгун Гардијан 17“.
Вежбата ќе трае до 10 август.