ПУТИН ПРОТЕРА 755 АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТИ ОД МОСКВА

    ПУТИН ПРОТЕРА 755 АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТИ ОД МОСКВАНаредбата од Путин доаѓа како одговор на новите санкции против Русија објавени од претседателот Доналд Трамп (Фото: Ројтерс)

    Се заканува дипломатска криза меѓу САД и Русија откако претседателот Владимир Путин нареди 755 американски дипломати да ја напуштат Москва. Наредбата од Москва, како што јави АФП, доаѓа како одговор на новите санкции против Русија објавени од претседателот Доналд Трамп.

    Двата дома на Конгресот го поддржаа законот за санкции, кој исто така вклучува и мерки против Иран и Северна Кореја. Санкциите се поради ангажманот на Русија во 2014 на Крим и наводно мешање во изборите во САД.

    Рускиот претседател Владимир Путин денеска рече дека Русија би можела да размисли за наметнување дополнителни мерки против САД, но засега е против ваквите потези.

    „Јас сум против тоа од денес“, рече Путин во интервју за ТВ Вести.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира