СО НЕДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ ВЛАСТА САКА ДА ГИ ОДЛОЖИ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, ОБВИНИ БЕСА

    СО НЕДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ ВЛАСТА САКА ДА ГИ ОДЛОЖИ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, ОБВИНИ БЕСАПратеникот на Движењето Беса Африм Гаши се надева дека нема да се чека последниот рок на 6 август за да се распишат локалните избори.(Фото: СДК.МК)

    Недонесувањето на законот за употреба на јазиците е причина што може да ја искористи парламентарното мнозинство за да ги одложат локалните избори закажани за 15 октомври, тврди Движењето Беса.

    „СДСМ не сака да се донесе Законот за јазици оти може да му влијае на рејтингот, а ДУИ ако оди на избори без договорен Закон за употреба на јазиците ќе доживее фијаско на локалните избори“, рече пратеникот на Беса Африм Гаши на денешната прес-конференција во Собранието.

    Гаши се надева дека нема да се чека последниот рок на 6 август за да се распишат локалните избори.

    “Ова докажува дека ДУИ влегол во владата без договор, што покажува дека сака да биде само приврзок на СДСМ“, вели Гаши.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира