Реал Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:1 во Супер купот на УЕФА во Скопје. Касемиро и Иско беа стрелци за шпанскиот тим на „Филип Втори“ во Скопје и му ја донесоа четвртата титула во ова натпреварување, додека за англискиот тим голот го постигна Ромелу Лукаку.
Најголемата ѕвезда на натпреварот, Кристијано Роналдо, кој играше во Манчестер Јунајтед пред да дојде во Реал Мадрид, влезе во игра во 83. минута на местото Карим Бензема, кога резултатот веќе беше 2:1.