Со 70 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“, Собранието попладнево ги изгласа измените на законот за минимална плата, предложени од мнозинството, а со кои што зголемувањето на минималната плата на 12.00 денари ќе се однесува на сите работници, вклучувајќи ги и оние од текстилната и кожарската индустрија. Овие работници досега не ги опфаќаше законот за минимална плата.
Иако за збор беа пријавени 35 пратеници од опозицијата, расправата не се оддолжи и заврши за еден ден. Продолжението на расправата по другите точки на дневен ред на седницата, меѓу кои се предлог законите за стечајци и за укинување на радиодифузната такса, претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за утре во 11 часот.