ГОРАТ СЛИКИ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЃОРЃЕ ИВАНОВ, БОЈА И ЗА ПРАВДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГОРАТ СЛИКИ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЃОРЃЕ ИВАНОВ, БОЈА И ЗА ПРАВДА

    Антивладините демонстранти го почнаа протестот со шарање на фасадата на Министерството за правда. Фрлаат балони со боја и на канцеларијата на Претседателот Ѓорѓе Иванов. Една група демонстранти пред канцеларијата гори слики од Претседателот.

    Гласно бараат оставака од него и повторно порачуваат „Нема правда, нема мир“. Демонстрантите се движат кон Собранието.

    Шарените револуционери вечерва се најопремени. Место само со балони боја, како досега, тие вечерва дојдоа со цели канти поликолор.

    На вчерашниот протест, уште пред седиштето на Специјалното обвинителство во Скопје му се придружиија и претставници на Сојузот на борците, а дополнителен револт предизвика и тоа што синоќа на Здравко Савески и Владимир Куноски, членови на раководството на „Левица“, судот им одреди мерка домашен притвор и одземање на пасошите. Членовите на „Левица“ се меѓу најактивните организатори на протестите.

    Антивладините протести продолжија и низ цела Македонија. Шарената револуција вечерва прв пат се појави во Тетово, во Радовиш и во Кичево.

    Денес е четиринаесеттиот ден од почетокот на демонстрациите организирани од граѓанската организација „Протестирам“. Граѓаните бараат повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира