РЕЖИСЕРОТ ТОМ ТИКВЕР ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЖИРИТО НА БЕРЛИНАЛЕ

    РЕЖИСЕРОТ ТОМ ТИКВЕР ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЖИРИТО НА БЕРЛИНАЛЕТиквер и жирито ќе одлучуваат за добитникот на Златна мечка, на престижниот фестивал кој ќе се одржи од 15 до 15 февруари, 2018

    Германецот Том Тиквер, режисер на познатите филмови „Трчај Лола, трчај“ , „Парфем “ и „Облакот Атлас“ ќе биде претседател на жирито на Берлинскиот филмски фестивал во 2018. Тиквер (52) и жирито ќе одлучуваат за добитникот на Златна мечка, на престижниот фестивал кој ќе се одржи од 15 до 15 февруари, 2018.

    „Том Тиквер е еден од најценетите германски режисери кој се пласираше на меѓународната сцена како одличен филмски автор. Неговиот исклучителен талент и иновативен печат се забележуваат во повеќе филмски жанрови “, изјави директорот на Фестивалот, Дитер Кослик.

    Тиквер досега имал  шест негови филмови на Берлинале.

    „Берлиналето отсекогаш е мојот омилен фестивал, мој домашен фестивал кој ме поддржува уште од моите почетоци“, изјави режисерот.

    Неодамна, Тиквер работеше како корежисер на 16 епизоди од серијата „Вавилон Берлин“. Дејството во серијата се случува во периодот меѓу двете светски војни и се смета за најскапа германска серија на сите времиња. По премиерата на Германската национална телевизија минатиот месец, серијата беше емитувана во голем број земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира