Железничка компанија во Јапонија се извини откако еден од нејзините возови тргна и стигна 20 секунди порано. Менаџментот на „Цукуба Експрес“ за линијата меѓу Токио и Цукуба рече дека „искрено се извинуваат за непријатноста“ што ја предизвикале.
Во изјавата компанијата вели дека возот требало да појде во 9:44:40 часот по локално време, но дека тргнал во 9:44:20 часот.
Многу корисници на социјалните мрежи на извинувањето на компанијата реагираа со изненадување.
Грешката настанала бидејќи вработените не го провериле временскиот распоред, се вели во изјавата од компанијата. „Екипата точно не го провери времето за поаѓање, а ја изврши операцијата за поаѓање“, велат од компанијата.
Ниту еден патник не се пожалил што возот порано тргнал од станицата Минами Нагарејама, која се наоѓа на север од Токио.