ПОЛИЦИЈАТА НА ХАМБУРГ ИСПИТУВА КАКО СТОТИНА ФУНКЦИОНЕРИ ДОБИЛЕ ГРАТИСИ ЗА КОНЦЕРТОТ НА „РОЛИНГ СТОУНС“

    ПОЛИЦИЈАТА НА ХАМБУРГ ИСПИТУВА КАКО СТОТИНА ФУНКЦИОНЕРИ ДОБИЛЕ ГРАТИСИ ЗА КОНЦЕРТОТ НА „РОЛИНГ СТОУНС“Токму во Хамбург „Ролинг стоунс“ ја почнаа својата европска турнеја „Без филтер“ (Фото: Ројтерс)

    Полицијата на Хамбург влезе во просториите на локалната власт и на агенција за организирање настани, откако се појавија обвинувања дека на локални функционери им биле дадени бесплатни карти за концертот на „Ролинг стоунс“, во вредност од 10.000 евра.

    Стотина функционери добиле карти од промотерите откако концертот беше закажан и нивното масовно појавување во салата предизвика жестоки критики во јавноста. Вработени во Северниот дистрикт на Хамбург му кажале на весникот „Дер Шпигел“ дека тоа било стандардна пракса.

    Според законот, германските државни функционери не смеат да примаат подароци.

    Над 80.000 луѓе присуствувале на концертот, за којшто картите на црно достигнале цена и од 800 евра.

    „Картите им биле дадени на локални политичари и на вработени во локалната власт, плус на нивните партнери. Исто така, луѓе кои биле ангажирани на организацијата не биле платени за прекувремена работа“, кажа шефот на канцеларијата на Северниот дистрикт, Харалд Резлер, додавајќи дека ова бил најголемиот музички настан во градот досега.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира