Еден од двајца возрасни е активен пушач, покажа истражувањето „Употреба на психоактивни супстанци кај општата популација“, кое Институтот за јавно здравје го спроведе годинава кај населението на возраст од 15 до 64 години.
Податоците за употреба на тутун меѓу популацијата покажуваат дека 46 отсто од возрасното население во земјава користи тутун, а 40,2 отсто од младите се пушачи. Најмногу пушачи има во возрасната група од 35 до 44 години, каде 57,6 отсто од населението користи цигари, а потоа следи возрасната група од 45 до 54 години, каде 54,4 отсто од нив се пушачи. Според ова истражување меѓу мажите има повеќе пушачи, отколку кај жените.
Податоците за употреба на алкохол покажуваат дека 84 отсто од возрасното население во земјава некогаш пиеле алкохол, односсно дури 84,4 отсто барем еднаш во животот пиеле алкохол. Скоро 60 отсто од сите возрасни групи кажале дека лани пиеле алкохол, како и во текот на последните 30 дена од моментот кога е правено истражувањето.
Годинава повеќе млади користеле алкохол во споредба со лани, односно годинава 76 отсто од младите кажале дека пијат, а лани процентот бил 67,8.
Највисока потрошувачка на алкохол во животот е пронајдена кај возрасната група од 25 до 34 години, односно 76,9 отсто кажале дека пијат алкохол, а по неа следи возрасната група од 15 до 24 години, каде 74,7 отсто користат алкохол“, се вели во истражувањето на Институтот за јавно здравје.
Според ова истражување мажите повеќе пијат алкохол од жените.
„Меѓу сите возрасни 42,9 отсто пријавиле дека консумираое алкохол еднаш месечно или помалку. Алкохол се консумира 2 до 4 пати месечно од 30,3 отсто од сите возрасни лица, 2 до 3 пати неделно се користи кај 16,1 отсто од сите возрасни и 4 пати неделно или повеќе кај 8,9 отсто од сите впзрасни.Меѓу младите возрасни, 46 отсто пријавиле дека консумираат алкохол еднаш месечно, 32,2 отсто дека пијат 2 до 4 пато месечно, 14,1 отсто дека пијат 2 до 3 пати неделно и 5,8 отсто дека пијат 4 или повеќе пати неделно“, стои во истражувањето на ИЈЗ.
Употреба на алкохол 4 или повеќе пати неделно е најчеста кај возраснта група од 55 до 64 години, или 16,9 отсто од нив.
„Меѓу сите возрасни, 35,4 отсто обично пијат пиво, 30,9 отсто пијат вино, а 16,6 отсто пијат жесток пијалок. Младите најмногу пијат пиво, односно тоа е омилен пијалок за возрасната група од 15 до 24 години. Виното најмногу го пие возрасната група од 25 до 34 години, а жестоки пијалаци возрасната група од 55 до 64 години“, се вели во истражувањето на Институтот за јавно здравје.