КАВАДАРЦИ ИМА КОНТЕЈНЕРИ ЗА ПЕПЕЛ НО НИКОЈ НЕ ГИ КОРИСТИ

    КАВАДАРЦИ ИМА КОНТЕЈНЕРИ ЗА ПЕПЕЛ НО НИКОЈ НЕ ГИ КОРИСТИПосебни контејнери за пепелта со жар од греењето во домовите се поставени покрај оние за отпад,но кавадарчани и натаму ја фрлаат заедно со отпадот па контејнерите редовно се палат и загадуваат (Фото: СДК.МК)

    Во Кавадарци се поставени посебни контејнери за пепелта со жар од греењето во домовите, но жителите и натаму ја фрлаат заедно со отпадот па контејнерите редовно се палат и загадуваат.

    Градоначалникот Митко Јанчев апелира на превентивни мерки за да се намали загадувањето во градот кој е континуирано на врвот по присуството на ПМ 10 честички.

    „Загаденоста на воздухот не може да се реши преку ноќ. За намалување на загаденоста потребно е сите ние да бидеме посовесни и поодговорни. Колку и да се обидуваме ние како локална самоуправа хигиената да ја качиме на повисоко ниво, доколку сите заедно не се однесуваме совесно, целиот напор би бил залуден”,  вели Јанчев.

    Тој инсистира дека Општината се обидува максимално да ги реши проблемите со загадувањето но за тоа е неопходна поддршка од кавадарчани.

    Засега нема податоци дали општинската инспекција казнува за палење на контејнерите и колку казни се изречени.

    С. ДАРУДОВА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира