ЏАФЕРИ ЗА УТРЕ НАПЛАДНЕ ЈА ЗАКАЖА СЕДНИЦАТА ЗА ОДОБРУВАЊЕ ПРИТВОР ЗА ШЕСТ ПРАТЕНИЦИ, ОСОМНИЧЕНИ ЗА 27 АПРИЛ

    ЏАФЕРИ ЗА УТРЕ НАПЛАДНЕ ЈА ЗАКАЖА СЕДНИЦАТА ЗА ОДОБРУВАЊЕ ПРИТВОР ЗА ШЕСТ ПРАТЕНИЦИ, ОСОМНИЧЕНИ ЗА 27 АПРИЛНа утрешната 25 седница на Собранието единствени точки се оние за одобрување притвор за шесте пратеници.- Талат Џафери, претседател на Собранието (Фото: СДК.МК)

    Собранието утре ќе расправа за барањето на Основен суд Скопје 1 за одобрување притвор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Жаклина Пешевска и за пратеникот Љупчо Димовски од Социјалистичката партија. Пленарната седница на која што ќе се расправа за барањето на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1, поднесено на 28 ноември, ќе почне во 12 часот. Единствени точки на дневниот ред на оваа собраниска седница се барањата за притвор на шесте пратеници.

    Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денес со пет гласа „за“ го прифати барањето за одобрување притвор на овие пратеници, кои се осомничени за кривичното дело за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април.

    Минималната казна за ова кривично дело е 10 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира