Американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Брајан Ји демантираше дека дека ќе биде нов американски амбасадор во Македонија, во интервју за ТВ Н1 во Сараево.
„Многу сум горд што сум заменик помошник на државниот секретар на САД и задоволен сум со ова што го работам и немам никакви вести дека таа позиција ќе се промени. И драго ми е да кажам дека уште ќе бидам тука. Мојот план е да останам во Стејт департментот додека не ми кажат да одам на друго место, а немам добиено никакви други упатства“, рече Ји на прашањето дали ќе биде новиот амбасадор во Македонија.
Во интервјуто Ји рече дека еден од главните интереси на САД во Западен Балкан е да им се помогне на земјите од регионот да се интегрираат со останатиот дел од Европа и да изградат просперитетна, демократска и стабилна иднина.