Со црвени чадори, облечени во долна облека и со маски на очите, сексуалните работници денеска маршираа низ Скопје. Тие на маршот порачаа да престане насилството врз нив, институциите и полицијата да ги заштитат и гласно да почне во јавноста да се зборува за нив.
„Денеска по 10. пат се одржува Маршот на црвените чадори, во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден – Стоп за насилството врз сексуалните работници. Со текот на годините добивме се поголем број поддржувачи. Апелираме да престанат предрасудите и осудите кон нас“, рекоа сексуаЛните работници кои беа дел од маршот.
Маршот почна од платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза, низ улица Македонија до плоштадот Македонија.
Одбележувањето на Меѓународиот ден-Спор за насилството врз сексуалните работници во Скопје почна вчера со уметничка инсталација девојки во излог, кога еден од објектите на булеварот Климент Охридски беше претворен во излог налик квартот на црвените фенери во Амстердам.
Организатор на настанот е Граѓанската иницијатива за заштита на правата на сексуалните работници „Стар-стар“, кои потенцираа дека во земјавата има од 3.000 до 5.000 сексуални работници кои секојдневно се изложени на насилство не само од клинетите туку и од полицијата од која бараат заштита.
А. АНТЕВСКА