НЕМА ИНСУЛИНСКА КРИЗА ОТИ ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ДОНИРАЛ ИНСУЛИН

    НЕМА ИНСУЛИНСКА КРИЗА ОТИ ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ДОНИРАЛ ИНСУЛИНМинистерството не кажа зошто производителот на инсулин донирал од терапијата и колкави количини се донирани

    Во Македонија нема инсулинска криза, тврди Министерството за здравство, откако болните од дијабетес од Велес упатија писмо до премиерот Зоран Заев, од кој бараат да го реши проблемот со недостиг на инсулин, бидејќи терапија нема од почетокот на месецот и нивните животи се загрозени.

    „Преку донација од компанијата производител обезбедени се доволни количества инсулин во земјава“, соопшти Министерството за здравство.

    Министерството не кажа зошто производителот на инсулин донирал од терапијата и колкави количини се донирани.

    Недостиг од инсулин во одредени градови имаше и минатиот месец. Тогаш дијабетичарите од Битола и Охрид се пожалија дека повеќе од две недели нема инсулин во инсулинските аптеки, а заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски, кажа дека тоа било резултат на проблеми со транспортот.

    „Проблемот кој го имавме неодамна, беше причина повеќе да почнеме со изработка на ново законско решение. Веќе се работи на системско решавање на овој проблем и создавање предуслови, со кои ќе спречиме во иднина да се јавуваат вакви или слични проблеми, бидејќи не смее да биде загрозено здравјето на ниту еден поединец“, велат од Министерството за здравство.

    Во моментов во Македонија околу 190.00 луѓе се дијагностицирани со дијабетес. Од нив 40.000 се на терапија со инсулин, а останатите 150.000 се на таблетарна терапија. Околу 5.000 од пациентите се со дијабетес Тип 1, кој се добива генетски и овие пациенти цел живот се зависни од инсулин. Дијабет Тип 2 се добива како резултат на лоши животни навики и храна богата со шеќери.

    Е.БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира