ПОЛИЦИЈАТА ОМЕКНА ПРЕД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИЦИЈАТА ОМЕКНА ПРЕД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    Шарената револуција на секојдневните протести посебно внимание и посветува на полицијата. Тоа беше особено забележливо на протестот пред Македонската радиотелевизија (МРТВ) во саботата. Масата луѓе која со гласно извикување пароли, свирежи и труби стигна пред МРТВ, во еден момент замолча, како да нема ниту еден човек иако имаше илјадници. Молкот беше оддвање почит на загинатите бранители за што замолија претставниците на Достоинство.

    Девојка му лепи срце на штитот на полицаецот пред Агенцијата за медиуми (Фото: СДК.МК)

    Девојка му лепи срце на штитот на полицаецот пред Агенцијата за медиуми (Фото: СДК.МК)

    Но ова не беше единственото внимание, посветено на полицијата. „Белизе бенд“ на глумиците Ана Костовска и Ирена Ристиќ со гитаристите Тино и Тошо,  кој синоќа, пред МРТВ ја испеа песната „Долга рака“ што алудира на криминалите на партијата на власт, пред песната ги поздрави полицајците и им го честиташе 7 мај, Денот на полиција.

    Со голем аплауз полицијата ја поздравија и насобраните луѓе кои почнаа да извикуваат „Дојдете со нас“ додека една девојка им делеше рози на полицајците пред МРТВ.

    За празникот на полицијата, цвеќе за полицајците во Битола (Фото: СДК.МК)

    За празникот на полицијата, цвеќе за полицајците во Битола (Фото: СДК.МК)

    Пратеничката на СДСМ Софија Куновска синоќа ја смири ситуацијата со полицаецот што ги снимаше демонстрантите пред МРТВ (Фото: СДК.МК)

    Пратеничката на СДСМ Софија Куновска синоќа ја смири ситуацијата со полицаецот што ги снимаше демонстрантите пред МРТВ (Фото: СДК.МК)

     

     

     

     

     

     

     

    Синоќа цвеќе од демонстрантите добија и полицајците кои беа на должност пред Основниот суд во Битола.

    На протестите на шести мај, кога антивладините демонстранти ја бојадисуваа зградата во која е сместана Антикорпциската комијата, пет-шест девојки со чадори застанаа пред полицајците за да ги заштитат од бојата. Одлучија тие да стојат со чадори пред полицијата оти на протестот на 4 мај, кога се бојадисуваше зградата на Државната изборна комисија, полицајците одбија да се покријат со најлонски наметки кои им ги понудија демнстрантите, за да се заштитат од боја. Демонстрантите, нудејќи им ги наметките, на полицајците им објаснуваа дека не сакаат нив да им ја отежнат работата, туку само да го пренесат гневот кон власта со боење на фасадата. Откако полицијата одби да се заштити, наметките ги префрлија врз себе неколку камермани, кои подеднакво беа на удар на бојадисувањето како и полицајците.

    Полицајците ги спуштија штитовите откако Шарената револуција ја обои и Државната изборна комисија (Фото: СДК.МК)

    Полицајците ги спуштија штитовите откако Шарената револуција ја обои и Државната изборна комисија (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот генерал-мајор Стојанче Ангелов, лидер на партијата „Достоинство“, на почетокот на протестите, минатиот месец, по неколкуте инциденти кога демонстранти сакаа да се туркаат со полицијата, сам презеде обврска да не дозволи да се случи контакт на демонстрантите и полицијата. Неколкутемина кои се обидуваа да скокнат врз полицијата, тој лично ги ги одвојуваше и ги враќаше назад.
    Стојанче Ангелов синоќа не дојде пред МРТВ иако битката за враќање на достоинството на сервисот ја почна токму тој, лани по бомбите од опозицијата. Организаторите не сакале тој да одржи говор, а Ангелов на својот Фејсбук профил напиша „кога некој смета дека дека не е добро да зборувам пред МРТВ, тогаш јас сметам дека не е добро ниту да се појавам. Затоа вечерва наместо на протест ќе ги прошетам некаде моите деца кои нестрпливо ме чекаа да се вратам од Ирак. Како и да е, и со мене на протест, и без мене на протест, режимот ќе биде готов“.

    Ветеранот Благојче Георгиев е речиси секој ден вп првите редови на Шарената револуција (Фото: СДК.МК)

    Ветеранот Благојче Георгиев е речиси секој ден вп првите редови на Шарената револуција (Фото: СДК.МК)

    Во име на поранешниот генерал-мајор Стојанче Ангелов, кој се налути оти не му доволиле да одржи говор,  синоќа на протестот се обрати Благојче Георгиев, ветеран во количка. „Режимот е на колена и ќе падне“, рече Георгиев кој речиси секојдневно протестира во колоната на Шарената револуција.
    Демонстрантите се одважија да се добижат до полицијата, оти, како што велат, и полицијата, за разлика од ланските мајски протести, е со многу поинаков однос кон нив. Со згрозување демонстрантите потсетија на ланските настани на 5 мај пред Влада кога полицијата ги тепаше ги бркаше по улици и ги апсеше дури и во читална во библиотека.

    На протестите на шести мај, кога антивладините демонстранти ја бојадисуваа зградата во која е сместана Антикорпциската комијата, пет-шест девојки со чадори застанаа пред полицајците за да ги заштитат од бојата (Фото: СДК.МК)

    На протестите на шести мај, кога антивладините демонстранти ја бојадисуваа зградата во која е сместана Антикорпциската комијата, пет-шест девојки со чадори застанаа пред полицајците за да ги заштитат од бојата (Фото: СДК.МК)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира