ГРЦИТЕ ИМААТ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ СЕКС ПОРАДИ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО

    ГРЦИТЕ ИМААТ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ СЕКС ПОРАДИ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТОПодатоците од истражувањето покажуваат дека политичките страсти имаат директен ефект на страстите во спалната. - Од протестот против Македонија во Атина на 4 февруари (Фото: Ројтерс)

    Истражување на Андролошкиот институт од Атина покажа дека преговорите меѓу Грција и Македонија за спорот за името го зголеми еротското расположение на Грците изминатиот месец, објави грчката новинска агенција АМНА.

    Претседателот на Андролошкиот институт Константинос Костантинидис вели дека Грците станале „затвореници“ на преговорите и патриотизмот и за да се справат со напнатоста, почесто имаат секс. Податоците објавени од Андролошкиот институт јасно покажуваат, како што тврдат авторите на истражувањето, дека политичките страсти имаат директен ефект на страстите во спалната, удвојувајќи го бројот на сексуални односи во однос на други периоди.

    Соработникот на Андролошкиот институт, урологот Христос Флијатурас, објаснува дека во претходните истражувања, податоците покажувале дека просечно Грците имаат шест пати сексуален односи во еден месец, додека претходниот месец таа бројка изнесувала 12.

    Истражувањето е направено на примерок од илјада луѓе преку телефонски интервјуа, онлајн прашалници и теренски интервјуа во живо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира