ПОЛИЦАЈКАТА БИЛА ОМАЛОВАЖУВАНА, НЕМАЛО ФИЗИЧКИ КОНТАКТ, РЕЧЕ ЗАЕВ ЗА ИНЦИДЕНТОТ СО АСАНИ

    ПОЛИЦАЈКАТА БИЛА ОМАЛОВАЖУВАНА, НЕМАЛО ФИЗИЧКИ КОНТАКТ, РЕЧЕ ЗАЕВ ЗА ИНЦИДЕНТОТ СО АСАНИ„Се работи за омаловажување, навредување и не се работи за некој физички контакт, но и за тоа е поднесено соодветна пријава против лицето кое што тоа го направило“, рече Заев во обраќањето на осмомартовскиот марш организиран од Форумот на жени на СДСМ во Куманово.(Фото:СДК.МК)

    Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на денешниот осмомартовски марш во Куманово организиран од  Форумот на жени на СДСМ, рече дека секаков вид насилство макар и вербално, каков што бил случајот со полицајката која беше нападната од функционерот на ДУИ Беќир Асани, треба да се санкционира.

    „Од она што го знам од државните институции и после разговорот на министерот Оливер Спасовски со полицајката, осудувам секаков вид насилство, макар и вербално. Се работи за омаловажување, навредување и не се работи за некој физички контакт, но и за тоа е поднесено соодветна пријава  против лицето кое што тоа го направило. Жените треба да бидат повеќе заштитени од мажите во општеството. Секаков  вид на насилство, па макар и вербално треба да се санкционира и казни во државата“ , рече Заев во Куманово.

    Полицајката Јасмина Јаначковска во четвртокот беше нападната од функционерот на ДУИ Беќир Асани бидејќи Пајак служба му го кренала непрописно паркираното возило. Таа во петокот на средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјавила дека имала само вербална расправија со Асани и сама се удрила во возилото на Пајак службата, по што се здобила со полесна повреда.

    Министерот Спасовски вчера изјави дека снимките кои ги има од камерите кои се на Град Скопје веќе се обработуваат и ќе бидат доставени, а доколку има било какви други снимки да се достават до МВР за да се документира случајот и да се расчисти до крај.

    „Одговорно тврдам дека тоа што беше вчера соопштено е документирано и е предадено во Јавното Обвинителство и МВР стои на располагање да го расветлиме случајот ако имаме било какви нови материјали и докази кои ќе кажат дека нешто поинаку се случило. Тоа ќе биде добро и за постапувањето на полицајците во иднина“, рече вчера Спасовски.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира