СО ПАРИ ОД ШВАЈЦАРИЈА ЌЕ СЕ ГРАДИ ВОДОВОД И ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО ДЕЛЧЕВО

    СО ПАРИ ОД ШВАЈЦАРИЈА ЌЕ СЕ ГРАДИ ВОДОВОД И ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО ДЕЛЧЕВОСибил Сутер Техада, амбасадорка на Швајцарија, Садула Дураки, министерот за животна средина, Горан Трајковски, градоначалникот на Делчево и Розета Цонева, директор на ЈКП „Брегалница“.

    Со 7,3 милиони швајцарски франци ќе се доградува водоводот во Делчево и ќе се гради пречистителна станица за отпадни води. Владата обезбЕди 13 милиони франци, а останатите шест милиони франци се помош од Швајцарија.

    Договорот за техничка и финансиска помош за проектот „Водоснабдување на Делчево“ денес го потпишаа Сибил Сутер Техада, амбасадор на Швајцарија, Садула Дураки, министерот за животна средина и просторно планирање, Горан Трајковски, градоначалникот на општина Делчево и Розета Цонева, директор на јавното комунално претпријатие „Брегалница“.

    Проектот ќе се спроведува во две фази, односно во првата фаза ќе се доградува водоводот, а во втората ќе се гради пречистителната станица. Предвидена е изградба на пречистителна станица за вода, продолжување на мрежата за водоснабдување до селата Ѕвегор и Габрово, инсталација на два капацитети за производство на обновлива енергија. Во делот на институционалната поддршка предвидени се корпоративни мерки за развој на јавното претпријатие „Брегалница“.

    Министерот Дураки рече дека со овој проект не само што ќе се обезбеди пристап до поквалитетна вода за пиење за жителите на Делчево, туку и ќе се заштитат водите од реката Брегалница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира