„Молкот е еднаков на смрт“ и „Шарам правда барам“ се транпарентите со кои вечерва шарените револуционери го почнааа протестот. Има и тренаспаренти „Збогум Никола“ и „Изрод по изрод револуција“. Демонстрантите тргнаа кон Собрание.
Последна дестинација за протест и вечерва е Влада. Таму доцна попладне се монтираше бина.
Денешните протести се за Македонија во која институциите им служат на граѓаните и го штитат јавниот интерес и Македонија во која никој не е стигматизиран и тепан.
Шарената револуција бара итно поништување на одлуката за одржување на изборите на 5 јуни, поништување на одлуката за аболиција на оние против кои е поднесено обвинение од страна на СЈО, оставка од Ѓорге Иванов, формирање специјално одделение на Кривичниот суд надлежно за случаите на СЈО и формирање преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.
„Се до исполнување на осумте барања, наша единствена арена се улиците и плоштадите, нашата борба здружена, нашиот продорен и јасен!“, најави граѓанското движење „Протестирам“ на Фејсбук.
Денес за првпат се протестира во Неготино, блокади на патот има во Чешиново-Облешево, а се протестира и во Кочани, Охрид, Струмица, Битола и Прилеп.