„ВОДОВОД“ И „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ЌЕ ГИ ЧИСТАТ СПОМЕНИЦИТЕ ОД „СКОПЈЕ 2014“ НАМЕСТО ПРИВАТНА ФИРМА

    „ВОДОВОД“ И „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ЌЕ ГИ ЧИСТАТ СПОМЕНИЦИТЕ ОД „СКОПЈЕ 2014“ НАМЕСТО ПРИВАТНА ФИРМАГрад Скопје одлучи наместо ангажирање на приватна фирма за што се трошеле годишно по 50.000 евра, јавните претпријатија да ја преземат оваа обврска (Фото: Ѓ. Личовски)

    Спомениците и фонтаните од проектот „Скопје 2014“ ќе ги одржуваат јавните претпријатија на Град Скопје, „Водовод и канализација“ и „Комунална хигиена“. Од Град Скопје решиле наместо ангажирање приватна фирма за што се трошеле годишно по 50.000 евра, јавните претпријатија да ја преземат оваа обврска.„Водовод и канализација“ ќе ги одржува фонтаните, додека „Комунална хигиена“ ќе ги чисти спомениците, така што место да се трошат пари бидејќи ќе се користат капацитетите и вработените во двете претпријатија.

    Ексградоначалникот Коце Трајановски во јули 2016 склучи договор со градежното претпријатие „Бетон“ што го доби тендерот за одржување на спомениците од „Скопје 2014“ во рок од 2 години, за што доби околу 100.000 евра. Договорот со „Бетон“ истекува во јули годинава.

    Директорот на ЈП„Водовод и канализација“ Душко Весковски вели дека имаат механизација и екипи кои ќе можат да ја преземат оваа обврска.

    „Ќе формираме сектор кој ќе биде задолжен за одржување на фонтаните. Во претпријатието наследив 1.200 вработени, што значи имаме луѓе кои ќе бидат задолжени за оваа нова обврска која ќе ја преземаме. Можеби ќе треба Градот да нè субвенционира, бидејќи ја преземавме надлежноста за одржување на пречистителните станици, но тоа ќе биде многу помалку за разлика од 50.000 евра кои досега се давале за одржување“, вели директорот Весковски.

    Град Скопје ги презема спомениците и фонтаните од проектот „Скопје 2014“ под своја надлежност во 2013, кога за градоначалник на Општина Центар беше избран Андреј Жерновски.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира