КАНЕО И ЖЕНСКА ПЛАЖА НАЈМНОГУ НАСТРАДАА ВО НЕВРЕМЕТО ВО ОХРИД И СТРУГА

    КАНЕО И ЖЕНСКА ПЛАЖА НАЈМНОГУ НАСТРАДАА ВО НЕВРЕМЕТО ВО ОХРИД И СТРУГАВо Струга најмногу настрада во делот од машка и женска плажа (Фото: Г. Трпеноски)

    По невремето кое што синоќа го зафати Охридско-Струшкиот Регион, состојбата е нормализирана. Најпогодена беше крајбежната линија на потегот од населба Канео до централното градско подрачје во Охрид, а во Струга, во делот од машка и женска плажа, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Испуштањето на водите од Охридско Езеро преку реката Црн Дрим е со постојана координација со ЕЛЕМ и покрај прелевањето на акумулацијата Глобочица по течението на Црн Дрим, нема опасности за причинување штета на патот Струга – Дебар, велат од ЦУК (Фото: Г. Трпеноски)

    „Испуштањето на водите од Охридско Езеро преку реката Црн Дрим е со постојана координација со ЕЛЕМ и покрај прелевањето на акумулацијата Глобочица по течението на Црн Дрим, нема опасности за причинување штета на патот Струга – Дебар. Нивото на реките на Сатеска и Коселска е со благ пораст во однос на претходните денови, но нема опасност од прелевање“, велат од ЦУК.

    Од таму додаваат дека нема пријави за причинета штета, и нема прекини во функционирањето на колекторот, водоснабдувањето, електроснабдувањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира