Родителите во Њујорк, постојано љубопитни за нови начини да ги забавуваат своите деца, се собраа неделава во операта Метрополитен за еден посебен настан.
„БамбинО” – 40-минутна опера која е специјално создадена за бебиња во Шкотската опера, дојде во САД по успехот во Велика Британија и во Париз.
Дотерани дечиња, на возраст од шест до 18 месеци се собраа во малата сала на Мет, некои се сместија на колената на родители, а некои ползеа во морето од меки сини перничиња.
На гостите им беше речено дека бебињата можат да прават бучава колку што сакаат, а возрасните од друга страна, да молчат.
Музиката, во италијански и бебешки звуци ја изведуваат виолончелист, перкусионист и двајца пејачи кои се шетаат меѓу децата, покажувајќи им како да ги галат мазните птици- играчки и златното јајце.
Речиси секое бебе кое беше спремно да плаче, престана и се насмеа, збунeто и ангажирано од пејачите со шарени костими. Либретото е за птица, нејзиното мало пиле и нивната врска.
„Размислувавме колку е магично да им донесеме вистинска опера на малите луѓе“, вели композиторот Лилијам Патерсон, додавајќи оти веруваат дека дури и многу мали деца реагираат на музика, ритам и текст.
Шарлот Ходер, кој го игра ликот Учелина, вели дека реакциите се различни се разликуваат од земја до земја. Ако француските деца биле многу мирни, американските биле повеќе отворени.
Режисерот Филм МекДермот на родителите кои планираат да ги донесат децата, им порачува да не бидат постари од 18 месеци.
„Ние навистина создадовме опера за бебиња. Децата се досадуваат”, вели режисерот.