Градскиот парк во Скопје и денеска беше полн со коли. Испаркирани автомобили имаше низ пешачките патеки и зеленилото во паркот.
За разлика од минатиот викенд кога полицијата и пајак службата на Град Скопје ги немаше, денеска тие беа на терен. Како што соопштија од Градот, до 15 часот подигнати се 8 непрописно паркирани возила.
„Екипи на ЈП ’Градски паркинг‘ по налог на Град Скопје денеска ги острануваат непрописно паркираните возила во Градскиот парк. Градот Скопје ги известува граѓаните дека и во иднина нема да толерира непрописно паркирање и узурпација од возила на јавните површини. Екипите на ЈП ‘Градски паркинг‘ во наредниот ќе продолжат со редовните контроли на терен, а граѓаните кои ќе забележат непрописно паркирани возила, истите може да ги пријават на телефонскиот број: 071 230-655“, велат од Град Скопје.
Казната за непрописно паркирање на пешачки патеки е 2.500 денари, додека за во зеленило 3.500 денари.
А. АНТЕВСКА
Фото: Твитер/@karambabaramba