ЗА ДА ИЗБЕГНЕ БАНКРОТ, БЕКЕР СЕ ПОВИКА НА ДИПЛОМАТСКИ ИМУНИТЕТ ВО ЦЕНТРАЛНОАФРИКАНСКА РЕПУБЛИКА

    ЗА ДА ИЗБЕГНЕ БАНКРОТ, БЕКЕР СЕ ПОВИКА НА ДИПЛОМАТСКИ ИМУНИТЕТ ВО ЦЕНТРАЛНОАФРИКАНСКА РЕПУБЛИКАБорис Бекер во април беше назначен за спортски аташе на Европската Унија во една од најсиромашните африкански држави (Фото: Гети)

    Тениската легенда Борис Бекер се повика на дипломатски имунитет како новоназначен амбасадор во Централноафриканска Република, за да избегне банкрот.

    Во документите што ги приложи во Високиот суд во Лондон, 50-годишниот Бекер кажа дека се повикува на оваа опција „за да стави крај на оваа фарса и да може одново да почне да го гради својот живот“.

    Адвокатите на Бекер посочија дека тој во април беше назначен за спортски аташе на Европската Унија во Централноафриканската Република, што, според Виената конвенција од 1961 година, го заштитува од судски процес во која било држава.

    „Правните постапки можат да одат само преку дипломатски канали и со согласност на министерствата за надворешни работи на Велика Британија и на Централноафриканска Република“, велат адвокатите.

    Трикратниот освојувач на Вимблдон прогласи банкрот во јуни 2017 година поради голем долг кон една банка.

    „Одлуката да се покрене банкрот беше нефер и неоправдана, во што ме вовлече група анонимни банкари и бирократи“, изјави Бекер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира