МАЛОЛЕТНА ТЕТОВЧАНКА Е МАЈКА НА БЕБЕТО ОСТАВЕНО ПРЕД ДОМОТ ЗА ДОЕНЧИЊА ВО БИТОЛА

    МАЛОЛЕТНА ТЕТОВЧАНКА Е МАЈКА НА БЕБЕТО ОСТАВЕНО ПРЕД ДОМОТ ЗА ДОЕНЧИЊА ВО БИТОЛАЖенското бебе старо само неколку дена во неделата вечерта беше оставено пред влезот на Домот за доенчиња во Битола (Фото: СДК.МК)

    Малолетна тетовчанка е мајка на нашутеното бебе кое во неделата вечерта било оставено пред велезот на Домот за доенчиња во Битола, потврди портпаролката на СВР-Битола, Сања Стаматова.

    „Мајката на пронајденото бебе е од Тетово. Сѐ уште нема наполнето 18 години. Болницата каде беше родено бебето беше откриена по штипчето на папкот кај малечкото. Се истражуваше која болница какви штипчиња набавува. Истрагата се прошири од Битолската, па на Прилепската, Охридската болница, за на крај да се откре дека било родено во Тетово“, рече Стаматова.

    Случајот со бебето го преземаат Центрите за социјална работа во Битола и Тетово, а против мајката полицијата ќе поднесе соодветна кривична пријава.

    Женското бебе старо само неколку дена во неделата вечерта беше оставено пред влезот на Домот за доенчиња во Битола. Тоа беше прегледано на Одделението за неонатологија во Битолската болница, а потоа сместено во Домот за доенчиња. Бебето е во добра здравствена состојба.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира