МОЖНА ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈА НА ДЕЛОТО ПО ОБДУКЦИЈАТА НА ПРЕТЕПАНОТО МОМЧЕ, ВЕЛАТ ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО

    МОЖНА ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈА НА ДЕЛОТО ПО ОБДУКЦИЈАТА НА ПРЕТЕПАНОТО МОМЧЕ, ВЕЛАТ ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТОТројцата кои го претепаа до смрт 21-годишниот Саздовски, засега се осомничени за Насилство, во чиј став 6 има предвидено казни за смртни последици од насилството. - Јавно обвинителство (Фото: СДК.МК)

    Обвинителот кој ја води истрагата за претепувањето до смрт на Никола Саздовски (21) од скопската населба Кисела Вода, денеска дал наредба за обдукција на починатото момче.

    Додека не се добијат резултатите од обдукцијата, нема преквалификување на првичното кривично дело Насилство за кое се притворени двајца од насилниците: Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), во чиј став 6 е нормирана и настаната тешка телесна повреда или смртна последица од извршеното насилство.

    „Основното јавно обвинителство Скопје по прибирање на релевантниот доказен материјал, негово проучување и анализа ќе донесе јавно обвинителска одлука во која ќе утврди и правна квалификација на стореното дело“, ни одговорија од Јавното обвинителство.

    На 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда пријавените физички го нападнале Никола, по што тој бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје. Саздовски починал утринава.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира