ОПШТИНИТЕ ДЕНЕСКА ГИ ДОБИЈА ПАРИТЕ ЗА ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА РЕГИОНИТЕ

    ОПШТИНИТЕ ДЕНЕСКА ГИ ДОБИЈА ПАРИТЕ ЗА ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА РЕГИОНИТЕ Станува збор за 4,5 милиони евра кои од буџетот на Владата се префрлаат на општините за реализација на 98 нови проекти за развој на планските региони, на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби.-Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу (Фото: Влада)

    Општините денеска ги потпишаа договорите со Бирото за регионален развој за добивање на пари за реализаиција на проекти за подобрување на комуналната инфраструктурата. Станува збор за 4,5 милиони евра кои од буџетот на Владата се префрлаат на Општините за реализација на 98 нови проекти за развој на планските региони, на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби.

    „Владата за 2018 година, средствата за рамномерен регионален развој ги зголеми за над 50 отсто и 4,5 милиони евра оваа година ќе бидат вложени во проекти кои што ги предложија општините и планските региони врз основа на нивните приоритети. Главно станува збор за инфраструктурни проекти или проектна документација за поголеми проекти, со цел да можат да се обезбедат дополнителни средства и од донаторски извори или од ИПА Програмата на Европската Унија“, рече министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

    Од Центрите за регионален развој минатата недела за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека Бирото за регионален развој еден месец доцни со префрлање на парите за проектите кои им се одобрени и дека поради тоа не можат да се распишан тендерите за избор на изведувач и не знаат дали ќе ги завршат проектите во предвидениот рок, 15 ноември.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира