ФРАНЦИЈА ПО 20 ГОДИНИ ПО ВТОРПАТ СЕ ЗАКИТИ СО СВЕТСКА ТИТУЛА

    ФРАНЦИЈА ПО 20 ГОДИНИ ПО ВТОРПАТ СЕ ЗАКИТИ СО СВЕТСКА ТИТУЛАФранција без пораз во Русија стигна до втората титула светски првак (Фото: АП)

    Пехарот на Светското првенство се враќа во Франција по 20 години пауза.

    Хрватска не успеа да ја заокружи најголемата сензација во мундијалската историја, откако загуби од Франција со 4:2 во најефикасното финале во последните 52 години. Ова е втора светска титула за „сините“, по триумфот на домашен терен во 1998 година.

    Хрватска буквално им подари два гола на Французите во првото полувреме: прво Манџукиќ ја затресе сопствената мрежа во 18. минута, а само десет минути откако го постигна израмнувачкиот погодок, Перишиќ играше со рака во сопствениот 16-ник, по што Гризман беше прецизен од белата точка.

    Погба и Мбапе во рок од само седум минути во второто полувреме ѝ донесоа огромна предност на Франција, што беше ублажена во 69. минута, кога Манџукиќ искористи голем кикс на голманот Љорис.

    По Марио Загало и Франц Бекенбауер, Дидје Дешамп е трет кој успеа да стане светски првак и како играч и како селектор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира