Сакам да потсетам дека стратешките цели на сите парламентарни партии се полноправните членства во ЕУ и НАТО, изјави премиерот Зоран Заев по лидерската средба што во скратен формат од само четворица претседатели на партии се одржа попладнево во Скопје.
„Компромиси нема за стратешките цели на Република Македонија“, рече Заев. „Амнестија нема да има, ни директна ни индиректна. Ќе дадеме шанса на дијалогот и разговорот додека е возможно“, рече Заев и најави дека лидерските средби ќе продолжат в недела навечер или в понеделник.
Тој кажа и дека Парламентот ќе продолжи со работа за усогласување на Изборниот законик по комисии и за формирање на Државна изборна комисија, затоа што притискаат роковите за успешно спроведување на референдумот.
А. АНТЕВСКА