ПОСЛЕДНА ШАНСА ЗА ДОГОВОР ЗА ДИК, ПОЧНА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО СКУСЕН СОСТАВ

    ПОСЛЕДНА ШАНСА ЗА ДОГОВОР ЗА ДИК, ПОЧНА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО СКУСЕН СОСТАВДенес е последна шанса за постигнување договор меѓу партиите за формирање нова Државна изборна комисија (Фото: К. Попов)

    Во скусен состав од четворица партиски лидери, како што сака  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, со премиерот Зоран Заев (СДСМ), Али Ахмети (ДУИ) и Билал Касами (Беса), продолжи средбата во Клубот на пратеници, која ако не успее денеска  може да биде последна како формат за договор за формирање нова Државна изборна комисија (ДИК). Бидејќи рокот за нејзино составување истекува, со оглед на тоа што треба да се организира референдум за името, ако не се договорат четворицата лидери денеска, измените на Изборниот законик ќе ги направи Собранието без договор на лидерската.

    Со измените што ги предлага Владата, се предвидува ДИК да се бира со 61 глас во Собранието.

    Од лидерските средби кои почнаа во четвртокот, единствено конкретно што произлезе е можното референдумско прашање: Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција?, што го кажа Заев. Мицкоски само рече дека треба да се избегне манипулација на граѓаните со повеќесмислени прашања и не кажа што мисли за предлог-референдумското прашање.

    Заев кажа дека нема да има ни директна, ни индиректна амнестија на обвинети лица за злоупотреба на службената положба и овластувањата и за изборни нерегуларности, за што, неофицијално, ВМРО-ДПМНЕ има изготвено и предлог законски измени.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира