Членовите на новата Државна изборна комисија место утринава, свечена заклетва ќе дадат в понеделник. Причината е итно службено отсуство на претседателот на Собранието Талат Џафери.
„Активностите на претседателот на Собранието, Талат Џафери, закажани за денеска нема да се одржат оти Џафери ќе присуствува на комеморативната седница во Собранието на Косово за починатиот косовски активист за човекови и национални права, Адем Демачи“, соопшти Собранието.
Џафери ја одложи и попладневната средба со премиерката на Романија Виорика Дончила која е во посета на Македонија.
Во меѓувреме, во семејството Џафери се случува неколкудневна семејна веселба. Спикерот ја мажи ќерка си, поради што в сабота не може да има собраниска седница на која би се распишал референдумот за членство на нашата земја, но како Република Северна Македонија во НАТО и Европската унија.
С. К. ДЕЛЕВСКА