ВМРО-ДПМНЕ УШТЕ НЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ ГО БОЈКОТИРА РЕФЕРЕНДУМОТ

    ВМРО-ДПМНЕ УШТЕ НЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ ГО БОЈКОТИРА РЕФЕРЕНДУМОТГенералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Jанушев рече дека во наредните денови ќе биде донесен официјален партиски став за референдумот. - Јанушев со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција пред Собранието (Фото: СДК.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ сè уште не знае дали ќе го бојкотира референдумот за Договорот со Грција на 30 септември. Генералниот секретар Игор Јанушев на денешната прес -конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека во наредните денови ќе биде донесен официјален партиски став.

    „По донесување на официјален став на раководството на партијата јавноста ќе биде информирана. Тоа ќе биде во наредните денови“, рече Јанушев, кој изјавите на дел од членството на партијата за бојкотирање на референдумот ги оцени како демократско право.

    Јанушев не сакаше да одговори дали ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати уставни измени доколку биде референдумот успешен односно ако биде постигнат цензусот од 50 отсто плус еден и мнозинството граѓани гласаат ’за‘.

    „Да бевме СДСМ ќе се нафатевме да одговараме на хипотетички прашање, но не сме. Да почекаме како ќе се одвиваат работите“, додаде Јанушев.

    Јанушев повтори дека со референдумското прашање кое е двосмислено и се крши Законот за референдум и дека Зоран Заев и СДСМ насила сакаат да го протуркаат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира