Шеесетгодишен Италијанец се повреди кога нагази на уметничка инсталација во Музејот на Сералвес во Порто, Португалија која имаше ефект на црна дупка. Инсталацијата „Пад во црна дупка“ на Аниш Капур претставува вистинска дупка длабока два метра што е обоена црна и затоа не се ни гледа длабочината.
Според британскиот весник „Тајмс“, оние посетители кои претходно ја виделе инсталацијата се прашувале „дали навистина има дупка во подот или дали е едноставно круг нацртан со темна боја“. Веројатно веќе нема да има сомнежи.
Околу инсталацијата „Пад во црна дупка“ имало чувари и знаци за предупредување, но немало никава заштитна ограда околу неа. Португалскиот весник „Публисо“ пишува дека не е познато како паднал возрасниот посетител, но дека бил хоспитализиран поради падот од два метра.
Музејот ја затвори изложбата за да утврди што се случило, но соопшти дека планира да ја отвори наскоро.