ВЛЕЗ ВО НАТО БЕЗ ПОДДРШКА НА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА Е ИЛУЗИЈА, РЕЧЕ СТОЛТЕНБЕРГ ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВ

    ВЛЕЗ ВО НАТО БЕЗ ПОДДРШКА НА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА Е ИЛУЗИЈА, РЕЧЕ СТОЛТЕНБЕРГ ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВНа заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека е важно гласачите да се појават во што поголем број на референдумот, и дека се случува само еднаш, да станете полноправна членка на Алијансата. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Важно е гласачите да се појават во што поголем број на референдумот. Ова е ваша одлуката. Ова се случува само еднаш, да станете полноправна членка на Алијансата, изјави Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

    „Ние сакаме вашата земја да ја видиме во НАТО. Само народот може да одлучи. Иднината за НАТО и ЕУ е во ваши раце“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, во Клубот на пратеници во Скопје.

    За идеите дека може да се влезе во НАТО без да се поддржи и договорот со Грција за решавање на спорот за името, Столтенберг рече дека тоа е илузија.

    „Идејата дека може да го отфрлите референдумот и спогодбата со Грција, а да станете членка на НАТО е илузија. Нема друг пат за НАТО освен прифаќање на договорот со Грција. Ако нема договор, нема ни членство во НАТО“, потенцираше генералниот секретар на НАТО.

    Со влегувањето во НАТО, не само што се зајакнува безбедноста и мирот во државата и во регионот, според Столтенберг, претставува и можност за зголемување на инвестициите. Како пример за зголемување на инвестициите, го посочи влезот во Алијансата на Црна Гора.

    Премиерот Зоран Заев рече дека владата формирала комитет кој ќе ги координира реформите и ќе го имплементира акциониот план за реформите што ги бара Алијансата.

    „Спремаме план за имплементација на реформи во согласност со НАТО, посебен акцент е ставено на судството, владеење на правото, борба со корупција и реформите на безбедносните служби“, рече Заев.

    Тој е убеден дека референдумот ќе биде успешен.

    На прашањето ако референдумот е неуспешен, што следува потоа, премиерот Заев рече: „Нема што ако. Референдумот ќе успее. Како наближува 30 септември, убеден сум дека цензусот ќе биде видливо надминат“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира